Центар за семејна медицина – Медицински факултет Скопје

„Се фокусираме на зајакнување на влијанието на семејната медицина врз здравјето и
благосостојбата на сите луѓе и нивните заедници. Нашиот мултидисциплинарен тим
го постигнува ова преку иновативност, соработка, истражувања и градење
капацитети. Со повеќе од 15 години иновации и лидерство, го менуваме начинот на
кој здравствената заштита се обезбедува за подобро здравје и благосостојба на луѓето
независно од возраст, пол или здравствена состојба.“
Професор д-р Катарина Ставриќ

Ние едуцираме. Ние се грижиме. Ние истражуваме.


НИЕ СМЕ ГОРДИ ШТО СМЕ ЛИДЕРИ ВО МЕДИЦИНСКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО
ОБЛАСТА НА СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА ВО МАКЕДОНИЈА. ПОСВЕТЕНО РАБОТИМЕ
ДА ГО ПОДГОТВИМЕ СЕКОЈ СТУДЕНТ, ДОКТОР, СПЕЦИЈАЛИЗАНТ ЗА
СООДВЕТНО СПРАВУВАЊЕ

15 години Центар за семејна медицина

Од 2010 година Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје е стратешки носител на развојот и академското унапредување на семејната медицина во Република Северна Македонија.

15години Центар за семејна медицина (2010–2025)
575доктори запишани на доедукација по семејна медицина
513доктори се стекнаа со звање специјалист по семејна медицина
60активни едукатори и ментори низ целата држава
6.115здравствени професионалци обучени со симулација (ТРАНССИМЕД)
15+меѓународни истражувачки проекти

15 години – прочитајте повеќе