Паралелно со едукацијата, Центарот развива научноистражувачка работа за јакнење на академскиот кадар и на научната основа на семејната медицина во државата.

15+меѓународни истражувачки проекти
5доктори на науки
5докторанти
1.360пациенти во студијата Breathe Well

Проекти 2012–2025

ПериодПроект / студија
2012–2013QUALICOPC (Quality and Costs of Primary Care in Europe)
2013EGPRN – самолекување при обична настинка
2014–2015IPCRG – пропишување антибиотици за акутни респираторни инфекции
2015EGPRN – PROCOPD: валидација на прогностички индекси кај ХОББ
2015Квалитет на грижата за пациенти со дијабетес (со Универзитетот во Загреб)
2015Јакнење на положбата на пациентот во грижата за своето здравје
2015Сензибилизација на доктори за родово базирано насилство
2016Опортун скрининг на дијабетес во ПЗЗ (со Универзитетот во Загреб)
2017IPCRG – обука на едукатори за лекување на зависноста од тутун
2017–2021Breathe Well – NIHR Global Health Research Group, Универзитет во Бирмингем
2018Деменција во примарна здравствена заштита
2018Едукација на персоналот во Дом за стари лица „Светла Надеж“
2019Пропишување антибиотици за акутни респираторни инфекции
2020–2022ХЕРА – семејните лекари како партнери за контрацепција и сексуално и репродуктивно здравје
2022–2023EGPRN – ставови на општите лекари кон пациент-центричната грижа
2022–2025Ерасмус+ ТРАНССИМЕД – симулација во медицината
2024–2028SIM Mobile – мобилна симулациска обука (Regional Challenge Fund)
2025–2028Ерасмус+ EQUAL-Health – квалитет на ПЗЗ во Југоисточна Европа

Учество во EGPRN

Центарот е член на советодавниот одбор на Европската мрежа за истражување во општата пракса (EGPRN) од 2012 година. Членството овозможува пристап до европски истражувачки конзорциуми, учество во мултинационални студии и методолошка поддршка. Преку EGPRN учествувавме во студиите PROEPOC (ХОББ), за самолекување при настинка, за употреба на статини и намалено пропишување лекови, за пациент-центрична грижа, а во тек е студијата OKTOPUS за остеопороза.

Од соработките произлегоа бројни научни трудови, дел објавени во списанија со импакт фактор, како и докторски дисертации поддржани од IPCRG.

Реализацијата на овие проекти немаше да биде возможна без активното учество на специјалистите по семејна медицина од целата држава.