Овој документ се базира на основната рамка за компетенции на идните специјалисти по семејна медицина. Со цел идниот специјалист по семејна медицина да биде компетентен во својата работа, неопходно е да има одредено знаење, вештини и ставови. Овој документ ги наведува основните едукацциски цели неопходни за реализирање на обуката и проценката на идните специјалсти по семејна медицина.
Едукациските цели се поделени во 4 главни подрачја:
Знаења - наведени се основните факти кои специјализантот по семејна медицина треба да ги здобие.
Практични вештини - опишува начин на апликација на знаењето.
Комуникациски вештини - наведени се основните вештини неопходни за едуцирање и доставување на важните информации до пациентите и нивните семејства, а со цел да им се овозможи да го сменат своето однесување и навики и да го разберат планот за нивната здравствена нега. Наведени се и начините за размена на јасни информации со другите колеги.
Ставови - опишани се основните ставови и однесување на специјалистите по семејна медицина во подрачјата кои се однесуваат на здравствената заштита вклучувајќи ја и самосветса на докторите.
Материјали
ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ