Координатор: Проф.д- Катарина Ставриќ
Проф. д-р Сузана Николовска
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ИСПИТ ПО СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА
Упатство за кандидатите
Испитот има за цел да ги оцени знаењата, вештините и ставовите на идните специјалисти по семејна медицина. Успешното полагање на испитот значи дека кандидатот е оспособен самостојно да работи во амбулантата за семејна медицина.
Пред да пристапи кон полагање на испитот, кандидатот е должен претходно да подготви извештај.
Пред испитот записничарот (член на едукативниот одбор, ментор, едукатор ) или член на испитната комисија, го посетува и евалуира кандидатот во неговата амбуланта или амбулантата на неговиот ментор.
Испитот се состои од три дела.
Пред самиот испит кандидатите мора:
1. Да ги завршат сите обврски од специјализацијата по семејна медицина (уредно пополнета и потпишана специјалистичка книшка)
2. Да добијат позитивно мислење од клучниот ментор за подготвеност за специјалистички испит
3. Да достават извештај еден месец пред датумот на полагање на испитот
4. Да имаат проодна оценка од практичниот дел во амбулантата од оценувачот при посетата на амбулантата на кандидатот или на неговиот ментор.
Центарот за семејна медицина ќе организира пред тест (теоретски и практичен - ОСЦЕ) за кандидатите пред да се пријават за специјалистички испит.
ПРИМЕРИ НА ИСПИТНИ ПРАШАЊА