Ние едуцираме. Ние се грижиме. Ние истражуваме.

Мисија

Центарот се стреми да обезбеди висококвалитетна и континуирана едукација на студенти, специјализанти и матични лекари, со цел да подготви генерации компетентни и одговорни семејни лекари.

Визија

Создавање здравствен кадар кој е способен да одговори на комплексноста на современата медицинска практика, да ги следи научните текови и да обезбеди интегриран, сеопфатен и пациент-центричен пристап кон пациентот и заедницата.

Визија за силна, модерна и човечна семејна медицина која ќе остане двигател на подобро здравје и подобра иднина за секој поединец и за општеството како целина.

Нашите вредности

  • Континуитет на грижата и пациент-центричен пристап
  • Медицина базирана на докази и рационално лекување
  • Европски стандарди во едукацијата и оценувањето
  • Тимска работа и мултидисциплинарна соработка
  • Безбедност на пациентите

Идни насоки

  • Институционално јакнење на Катедрата
  • Воведување иновативни методи на едукација
  • Продлабочување на меѓународната соработка
  • Јакнење на улогата на семејниот лекар во заедницата

Предизвици пред нас

  • Постојано обновување и надградување на кадарот и механизми за избор на доктори на науки во наставни звања.
  • Интензивирање на научната работа со фокус на превенција, хронични незаразни заболувања и благосостојба на старата популација.
  • Признавање на специјалистите по семејна медицина и нивните компетенции во грижата за пациентите.
  • Воведување нови компетенции на специјалистите по семејна медицина согласно потребите на пациентите.