Ерасмус+ проект „Подобрување на квалитетот на примарната здравствена заштита во Југоисточна Европа преку стандардизација на работа и модели за континуирана обука – EQUAL-Health“ (2025–2028).

https://equal-health.eu/

Носител на проектот е проф. д-р Залика Клеменц Кетиш од Здравствен дом Љубљана, а партнери се Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје, Медицинскиот факултет за сестри од Измир, Турција и Асоцијацијата на општи/семејни лекари од Југоисточна Европа.

Целта е рамка за правична и економична хибридна обука на здравствените работници, пред сè медицинските сестри, за користење на Манчестерските протоколи за тријажа во примарната здравствена заштита. Тоа треба да обезбеди стандардизирана и квалитетна грижа, поголема безбедност на пациентите и помал ризик од несакани инциденти, особено во руралните и малите места каде пристапот до повисоко ниво на здравствена заштита е отежнат.