
Во 2025 година Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет – Скопје одбележа 15 години постоење. По тој повод е објавена монографијата „15 години Центар за семејна медицина, Медицински факултет, УКИМ Скопје 2010–2025“ од проф. д-р Катарина Ставриќ.
„Центарот во текот на изминатите петнаесет години се изгради како институција на која искрено се гордееме.“
– проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет – Скопје
15 години во бројки
15години Центар за семејна медицина (2010–2025)
575доктори запишани на доедукација по семејна медицина
513доктори се стекнаа со звање специјалист по семејна медицина
60активни едукатори и ментори низ целата држава
6.115здравствени професионалци обучени со симулација (ТРАНССИМЕД)
15+меѓународни истражувачки проекти
Клучни моменти
- Мај 2010 – Наставно-научниот совет го усвои елаборатот за формирање на Центарот; свечено отворање на 19 декември 2010.
- 2011 – формирана Катедрата по семејна медицина и одржан првиот специјалистички испит.
- 2012 – членство во Европската академија на наставници по општа/семејна медицина (EURACT) и во Европската мрежа за истражување во општата пракса (EGPRN).
- 2010–2025 – 575 доктори запишани на доедукација, од кои 513 станаа специјалисти по семејна медицина.
- 2022 – Послание „Св. Мајка Тереза“ за исклучителни хумани вредности за работата во пандемијата со Ковид-19.
- 2022–2025 – Ерасмус+ проект ТРАНССИМЕД: 216 работилници и 6.115 обучени здравствени професионалци.
- Од 2026/2027 – семејната медицина во реакредитираната студиска програма се зајакнува на 6 ЕКТС кредити.
Дознајте повеќе
- Основање и развој – историјатот на Центарот од 2007 до денес
- Мисија и визија
- Катедра – наставен кадар, едукатори и ментори
- Активности – КМЕ, едукација на едукатори, соработка
- Меѓународна соработка
- Научноистражувачка дејност