Семејните лекари – партнери за пристап до контрацепција и услуги за сексуално и репродуктивно здравје (2020–2022), во соработка со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Резултати

  • Опремени и отворени четири гинеколошки ординации во здравствените домови во Македонски Брод, Ресен, Радовиш и Делчево, со бесплатна контрацепција, ПАП-тестови и тестирање за сексуално преносливи инфекции.
  • Теоретски и практични обуки за 24 семејни лекари од десет региони.
  • Модул за контрацепција интегриран во наставната програма за семејните лекари.
  • Модул за родово засновано насилство, со посебен акцент на лицата со попреченост.
  • Национален план и наставна програма со кои семејните лекари се препознаени како даватели на услуги за сексуално и репродуктивно здравје.