
проф. д-р Катарина Ставриќ
Шеф на Катедрата по семејна медицина. Координатор на работната група од 2009 година и на Центарот од неговото формирање.

м-р Билјана Таневска Андонова
Организациски секретар и проектен менаџер. Ја организира работата на Центарот, ги координира студентите и докторите и ги води проектите.
Прв шеф на Катедрата по семејна медицина беше доц. д-р Горан Петровски.
Мрежа на едукатори и ментори
Центарот денес брои 60 активни едукатори и ментори, специјалисти по семејна медицина на територијата на цела Македонија. Оваа мрежа е капитал за континуирана последипломска едукација, основа за квалитетна практична настава и клучен елемент во изградбата на нови генерации компетентни лекари.
Стратегијата на Центарот обезбедува структурирано менторство, можности за истражувачка работа и академски напредок, учество во европски совети и експертски тела, наставни методи засновани на докази, редовни состаноци на менторите и едукаторите и евалуација на наставната практика.
Академски развој
Во изминатите 15 години во рамките на Центарот се стекнаа:
- 1 магистер на науки: д-р Марта Тунџева
- 5 доктори на науки: д-р Валентина Нејашмиќ, д-р Билјана Чекорова Митрева, д-р Драган Ѓорѓиевски, д-р Марта Тунџева, д-р Дарко Илиев
- 5 докторанти: д-р Сашка Јаневска, д-р Катерина Ковачевиќ, д-р Азра Гициќ, д-р Ружица Ангелеска, д-р Сара Ристовска
Претставници во европските организации
Совет на EURACT: д-р Катарина Ставриќ (2012–2017), д-р Радмила Ристовска (2017–2020), д-р Моника Јариќ Бојковска (2020–2025), д-р Сашка Јаневска (од 2025).
EGPRN: проф. д-р Билјана Герасимовска (2012–2020), д-р сци. Марта Тунџева (од 2020).
Наставни материјали
Наставниците, едукаторите и менторите учествуваат во изработка на наставни материјали, меѓу кои стручната редакција на македонското издание на учебникот по семејна медицина од д-р Роберт Е. Ракел и Скриптата по семејна медицина за додипломската настава.


