Континуирана медицинска едукација (КМЕ)

Наставниците по семејна медицина учествуваа во подготовка и одржување на задолжителните КМЕ за матичните лекари во организација на ФЗОМ и Министерството за здравство (2012–2013) и продолжија редовно да одржуваат работилници во мали групи, по региони низ целата држава.

Година201120122013201420152016201720182019
Работилници7130100308090506060

Вкупно 607 работилници во периодот 2011–2019. За време на пандемијата со Ковид-19 работилниците продолжија преку електронски платформи – за Ковид-19, третманот и имунизацијата, а потоа и за телемедицина, комуникациски вештини, хронични незаразни заболувања, грижа за стари лица и респираторни инфекции.

  • Академија Дијабет (2020–2021, онлајн) – за подобра соработка меѓу матичните лекари и ендокринолозите.
  • Протоколи за примарна здравствена заштита – од 2023 работилници за лекари и медицински сестри за промоција на протоколите објавени во Службен весник, со поддршка од Светската здравствена организација.
  • Соработка со фармацевтите – од 2023 заеднички работилници со Здружението на приватни аптеки за дијабетес, астма, ХОББ и артериска хипертензија.

Едукација на едукатори

Од 2014 до 2025 година во Македонија се одржани шест Леонардо 1 курсеви со 99 учесници и четири Леонардо 2 курса со 79 учесници, според рамката на EURACT. Во 2022 година Центарот ја одржа „Академија за ментори“ за менторите од катедрите на Медицинскиот факултет.

Антибиотици во примарната здравствена заштита

Од 2015 до 2019 година Центарот организираше годишни меѓународни симпозиуми „Антибиотици во примарна здравствена заштита“. Од 2023 година, со Студиорум и Институтот за социјална иновација, организира изборен модул за комуникација со пациентите при пропишување антибиотици во европската мастер програма ESCMID AMS.

Работа со студентите

Катедрата соработува со ЕМСА Македонија, ММСА и Факултетското студентско собрание преку работилници, конгреси и Летната школа по ургентна медицина. Од 2012/2013 година 30 студенти од Скопје учествуваа во курсот по семејна медицина на Медицинскиот факултет во Загреб. Во април 2026 наши студенти учествуваат на меѓународниот натпревар BEST CPR TEAM во Симулацискиот центар Љубљана.

Соработка во државата

Центарот соработува со Министерството за здравство, Канцеларијата на СЗО во Скопје, УНФПА, ХЕРА, ЕСЕ и професионалните здруженија: ЗЛОМ/СМ, Здружението на приватни аптеки, Унијата на здруженија на медицински сестри „За Нас“, Македонското здружение за палијативна медицина, Македонското здружение за геријатриска медицина, ЗМСТАМ и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари. Претставници на Центарот учествуваат во работните групи на Министерството за реформи во примарната здравствена заштита и за подготовка на протоколи.

Признанија

Во 2022 година Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ му додели на Центарот Послание „Св. Мајка Тереза“ за исклучителни хумани вредности за бројните едукативни работилници за време на пандемијата со Ковид-19.