Семејна медицина во 6 година е опфатена со 40 часа ( 5 работни дена). Во тек на овој период ќе се организираат:

  • Употреба на клинички упатства
  • Клинички вештини
  • 5 дена практична работа во амбуланта под надзор на едукатор (8 саати/ден).

Еднодневниот модул ќе се одвива во Центар за семејна медицина каде што ќе се користи метод на решавање на проблеми со обработка на сценарија со најчести акутни болести користејќи ги основните принципи на семејната медицина: спроведување на примарна здравствена заштита, грижа за пациентот, решавање на специфични проблеми, холистички приоф, ориентиран кон семејството и заедницата.

Во тек на тој ден ќе се изведат 4 клинички вештини преглед на уво со користење на отоскоп, преглед на града, ректален преглед/венепункција, дијагноза на астма.

Во тек на практичната работа во амбуланта студентот активно ќе биде вклучен во работата со пациентите под надзор на едукатор, а за своите активности ќе води дневник. Во тој период ќе треба да прегледа 15 пациенти со цела дијагностичка постапка и препишување на рецепти. Треба активно да учествува и во пополнување на медицинска документација за пациентите како и пополнување на цели за 4 пациенти. Барем на 4 пациенти треба да советува здрави навики. Во тек на престојот да пополни 8 рецепти и 4 упати до специјалист. Од клинички вештини пожелно е секојдневно да практикува мерење на крвен притисок, преглед на уво со отоскоп, снимање и толкување на ЕКГ. Секојдневно да учествува во читање на лабораториски резултати на по 2 пациенти.

На крајот на практичниот дел да презентира 2 од пациентите кои ги прегледал во тек на праксата и тоа 1 со акутна болест и еден со хронична болест.