Со процесот на доедукација ќе се опфатат постојните избрани лекари концесионери во примарна здравствена заштита се со цел да се стекнат со истите компетенции кои ќе ги има идниот семен лекар. Доедукацијата по семејна медицина ќе ги опфати следниве групи на доктори: доктори по општа медицина, специјалисти по општа медицина, педијатри, гинеколози и специјалисти по медицина на трудот. За истите е изготвена програма за доедукација со различно времетраење во согласност со нивните потреби и времетраењето на работниот стаж. Доедукацијата ќе се реализира преку: 1. Еднодневни или дводневни модули за време на викенди (саботи или недели од 8.30 до 15.30 часот) еднаш до двапати месечно. Модулите се комбинирани така што еден модул може да содржи една или повеќе теми, што ќе овозможи различни нивоа на потребни знаења. 2. Практична обука во болнички оддели, амбуланти и примарна здравствена заштита за време на работната недела во предпладневни или попладневните часови, по или пред работата на специјализантот во неговата ординација (понеделник до петок од 8.00 до 13.00 или од 14.00 до 19.00) отприлика две недели месечно. Оваа обука ќе биде во форма на кратки курсеви на клинички теми, искомбинирани со практична работа во болнички оддели, амбуланти или примарна здравствена заштита. Главна цел на практичната обука е да се усвојат и освежат клиничките вештини: теоретската настава главно ќе се обезбедува за време на еднодневни, надвор од работното место курсеви на почетокот од модулот, а преостанатиот дел од знаењата ќе се стекнуваат преку индивидуално учење. Обуката ќе се одвива во три различни категории на локации: во Центрите за КМЕ, во болници и во ординација. Сите овие простории ги исполнуваат критериумите за обука.

Материјали