Со формирањето на новиот курикулум на Медицинскиот факултет во Скопје, според ЕКТС системот, предметот семејна медицина е внесена како редовен предмет за 5 година во 10 семестар за студиите по општа медицина. Предметот е задолжителен и претставува услов за запишување на наредниот семестар.

Предметот се состои од 30 часа и тоа

  • 15 часа теоретска настава

  • 15 часа практична настава (консултација со пациент)

Во предметот е вклучена и семинарска работа со приказ на случај.

Целта на предметот е запознавање со основните принципите на семејната медицина (ориентираност на пациентот, холистички и сестран пристап во решавање на проблеми, користење на клинички упатства и медицина базирана на докази). Семејната медицина се стреми да ги открие здравствените проблеми на пациентот, при што ги зема во предвид физичките, психолошките, социјалните и емоционалните аспекти на пациентот, обезбедува здравствена заштита на индивидуата во тек на разните фази на живот, во тесна соработка со другите специјалности, спроведува превенција и промоција на здравјето, лекување на болести и грижа за спроведување на рехабилитација.

Од друга страна, студентот ќе се здобие со вештини за основен преглед, правење на дијагностички план за водење на пациентот со примена на клинички упатства за најчести акутни и хронични симптоми, како и пополнување и водење на медицинска документација и комуникациски вештини за спроведување и превенција на здравјето.