Менторот во тек на спроведување на планот и програмата за специјализација обезбедува и дополнителни активности и е одговорен за соработката помеѓу специјализантот и едукаторот се со цел да му овозможи на специјализантот исполнување на вештините предвидени во планот и совладување на знаењата, вештините и ставовите во тек на специјализацијата. Менторот го потврдува успешно совладаниот дел од специјализациите со што специјализантот се стекнува со можноста да ја продолжи специјализацијата.

Ако специјализантот не го совлада успешно делот од специјализацијата (турнусот) времетраењето на специјализацијата се продолжува за времето потребно за совладување на соодветниот дел од специјализацијата (во натамошниот текст: повторен турнус).

Специјализантот е должен да го повтори целиот или дел од турнусот, ако менторот процени дека успешно не ги совладал знаењата и вештините од планот и програмата.

Менторот во тек на следење на напредокот на кандидатот:

1. му помага во дефинирање на личниот план за учење

2. врши евалуација на портфолиото

3. ја следи редовноста во болничките турнуси и во модулите

4. го насочува во процесот на совладување на знањата, вештините и ставовивте

5. евалуација на компетенции за:

a. комуникациски и консултациски способности

b. Холистички пристап во праксата

c. Клинички менаџмент

d. Раководење со медицинската комплексност и промоција на здравјето.

e. Тимска работа

f. Ориентираност кон заедницата

g. Обезбедување на професионализам и етички пристап во праксата Критичко читање на медицинска литература

h. Основи на истражување во ПЗЗ


Материјали