Ерасмус+ проект „Пренесување на симулација во медицина – ТРАНССИМЕД“ (2022–2025), со Здравствен дом Љубљана – Симулациски центар и Здравствен дом Загреб.

https://www.transsimed.eu/

Целта на проектот беше да се воспостави одржлив систем на едукација со симулација во примарната здравствена заштита: здравствените работници да ги подобрат своите компетенции на безбеден и структуриран начин заснован на докази и протоколи, да ги усовршат клиничките вештини во средина каде грешките стануваат можност за учење и да ги зајакнат критичкото размислување, комуникацијата и тимската работа при ургентни состојби. Крајната цел е поголема безбедност на пациентите.

216работилници
6.115обучени здравствени професионалци
18меѓународно сертифицирани инструктори
40.000 €симулациска едукативна опрема

Резултати

  • Едукативни модули за ургентни состојби во примарната здравствена заштита: основно и напредно одржување на живот, педијатриско одржување на живот со педијатриска лента, комуникација со загрижен родител и анафилактичен шок.
  • Инструкторите на Центарот одржаа едукативни сесии на 16 национални и 13 меѓународни конгреси.
  • Сите студенти од шеста година поминуваат еднодневна едукација со симулација – симулацијата стана дел од додипломската настава по семејна медицина.
  • Изработени се Прирачник за инструктори по симулација и Патоказ за воспоставување симулациски центар.
„Simulation in medicine represents a bridge between theoretical knowledge and clinical practice, providing a safe environment for learning, practice, and reflection without risk to patients.“
– Uroš Zafošnik, Симулациски центар, Здравствен дом Љубљана

Материјали